Живеел со недели без струја, се бањал со вода од шише, а сега е ѕвезда на Мундијалот!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ѕвездата на Белгија и на Манчестер јунајтед, Ромелу Лукаку, е еден од најдобрите напаѓачи во светот, но никогаш не беа откриени премногу детали од неговиот живот, кој бил многу тежок.

Напаѓачот на Манчестер јунајтед е роден и пораснал во Антверпен, Белгија, а се потсети како неговите родители со недели живееле без струја.

„Знам дека се мачевме, но кога мајка ми почнуваше да меша вода со млеко за да трае подолго, сфатив дека е готово. Сфатив дека тоа е нашиот живот. Не ѝ кажав ништо, зашто не сакав да се грижи. Само си го јадев својот појадок. Јас се сеќавам на моменти во кои седев во мрак со брат ми, мајка ми и се молев, размислував, верував… Ветувањето го задржав за себеси, но потоа знаев да ја видам мајка ми како плаче, кога ќе се вратев од училиште. Одлучив да ѝ кажам: Мамо, наскоро сè ќе се смени“, вели Лукаку.

Лукаку на крајот во Андерлехт заигра во 2008. година, најпрво во младинскиот состав, а потоа доби и сениорски договор.

Откако неговиот талент беше забележан, Челси го купи во 2011. година, а од доаѓањето во Англија, играше за ВБА и Евертон, во чиј дрес и заслужи трансфер во Манчестер јунајтед, вреден 85 милиони евра.

Денеска е прв напаѓач на Белгија и гордо ќе ги брани боите на својата татковина во Русија.

На крајот, мајката на Лукаку може да биде среќна, бидејќи нејзините двајца синови станаа професионални фудбалери. Помладиот брат на Ромелу, Џордан игра во Лацио.