Трансфер драмата продолжува: Ливерпул повторно сака да купи талентиран Французин!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Иако трансферот во Ливерпул пропадна, сепак „црвените“ очигледно не се откажале од потписот на Набил Фекир од Лион.

Фекир, претходно, пристигна во Ливерпул и имаше медицински прегледи, но трансферот пропадна во последни моменти, а наводно причина за тоа била неговата повреда.

„Ливерпул ехо“ пишува дека тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, сака да има уште еден квалитетен играч, кој игра блиску до напаѓачките позиции и нема да се откаже од Французинот.

Трансферот најверојатно ќе се случи по Мундијалот, но претседателот на Лион не сака да чека повеќе, па наводно го понудил Фекир на Тотнем и Челси за 66 милиони фунти.

Овој потег изненадува, бидејќи претходно од францускиот гигант тврдеа дека не сакаат да се откажат од својот играч, но очигледно тоа се сменило.