Официјално: Руи Патрисио се пресели во Премиерлигата!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Руи Патрисио, 30-годишниот португалски голман, потпиша четиригодишен договор со Вулверхемптон, кадешто пристигнува како слободен игра, откако претходно го раскина договорот со Спортинг Лисабон.

Патрисио досега има одиграно 70 настапи за Португалија, а во моментов е во Русија, каде ги брани репрезентативните бои на Светското првенство.

Патрисио е еден од седумте фудбалери на Спортинг, кои одлучија да ги прекинат нивните договори, откако беа нападнати од 50 хулигани во Португалија.

Португалецот минатата сезона за Спортинг одигра 56 натпревари и прими 48 гола.

Инаку, Патрисио е петто засилување за Вулверхемптон летово, откако претходно тие ги купија Диого Јота, Вили Боли, Беник Афобе и Раул Хименез, кој дојде на позајмица од Бенфика.