Официјално: Атлетико потпиша договори со три фантастични фудбалери!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Атлетико Мадрид сакаше да ги прекине шпекулациите за иднината на Антоан Гризман, па поради тоа тие потпишаа договор со него, но и со уште двајца други фудбалери, односно Лукас Ернандез и засилувањето Томас Лемар.

Гризман беше голема желба на Барселона, а се очекуваше да го засили нивниот тим елтово, но пред првиот меч на Франција, тој кажа дека ќе остане во Атлетико, а денеска потпиша и нов договор до 2023. година.

Младиот Ернандез доби доверба кај Дидие Дешам во француската репрезентација и го почна мечот против Австралија, а сега потпиша договор со Атлетико до 2024. година.

Најголемо изненадување претставува потпишувањето на договор со Лемар од Монако.