Официјално: Ристовски доби нов кормилар во Спортинг!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Поранешниот тренер на Торино и Милан, Синиша Михајловиќ е нов тренер на Спортинг Лисабон, кадешто игра нашиот интернационалец Стефан Ристовски.

Спортинг неодамна остана без тренер, но и голем број првотимци, затоа што бесни навивачи влегоа во клупските простории и ги нападнаа играчите.

Претходниот тренер Жорж Жесус најде нов ангажман во Саудиска Арабија, па сега Михајловиќ го чека тешка работа во Лисабон.

Михајловиќ тренерската кариера ја почна во Интер во 2006. година, како асистент на Роберто Манчини, а првата работа ја доби во Болоња, а потоа работеше и во Катанија, Фиорентина, Србија, Сампдорија, Милан и Торино.

Со екипата на Спортинг потпиша нов тригодишен договор.