Правило кое можеби не го знаевте: Зошто Фонте не смееше да го прегрне Роналдо


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Алфа и омега на португалската репрезентација, Кристијано Роналдо постигна еврогол од слободен удар пред крајот на средбата на неговата репрезентација против Шпанија.

Логично, сите соиграчи на Роналдо беа воодушевени поради погодокот и тргнаа кон него за славење на погодокот, но еден играч не смееше тоа да го направи.

Се работи за Фонте, а причината за тоа е многу едноставна. Со обзир дека сите соиграчи излегоа вон теренот во текот на прославата на голот, Фонте мораше да остане на теренот, бидејќи во спротивно Шпанија ќе можеше да тргне од центарот и евентуално да постигне погодок.

Истата ситуација ја видовме вчера на натпреварот помеѓу Англија и Тунис, кога Трипер мораше да остане на теренот додека неговите соиграчи се радуваа.