Де Геа останува прв избор во Шпанија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Селекторот на фудбалската репрезентација на Шпанија Фернандо Иеро изјави дека Давид Де Геа останува на голот и покрај грешката која ја направин а отварањето на Светското првенство против Португалија.

Иеро кажа дека има доверба во Де Геа и дека нема да направи промена на голот за натпреварот против Иран во среда.

Селекторот на Шпанија додал и дека не е вознемирен поради грешката против Португалија, дека е смирен и дека нема причина да го замени голманот.

Натпреварот против Португалија заврши 3-3, сите три гола за Портгалија ги постигна Роналдо, а за вториот гол, кривец беше Де Геа.