Барселона не се откажува: Валверде тргнува по ѕвездата на Јувентус!?


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Каталонците тешко се откажуваат од своите планови, а за тоа најнов доказ е Миралем Пјаниќ, кој го сакаат веќе некое време.

Играчот на Јувентус го поврзуваа со Барселона во последните неколку недели, па денеска шпанските медиуми пишуваат дека босанскиот репрезентативец наскоро би можел да почне преговори со каталонскиот гигант.

Барселона, наводно, за неговиот потпис е подготвена да плати 60-70 милиони евра на „старата дама“, кој тешко дека ќе се откаже од еден од најдобрите играчи.

Од друга страна, италијанските медиуми пишуваат дека Јувентус е пред почеток на преговори со Пјаниќ и продолжување на неговиот договор, кој завршува во 2021. година.