НБА кошаркар го критикуваше претседателот на Турција, па сега татко му ја плати цената!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кошаркарот на Њујорк никс, Енес Кантер води „војна“ против турските власти, а сега цената ја плати неговиот татко.

Кантер беше обвинет дека е близок со идеологијата на Фетулах Гулен, а НБА кошаркарот го критикуваше турскиот претседател Реџеп-Тајп Ердоган.

Сега неговиот татко др. Мехмет Кантер е осуден на 15 години затвор во Турција, а Еден кажа дека тоа е начин на турските власти да му се одмаздат за критиките.

Инаку, Мехмет во 2017. година беше уапсен и држен во притвор пет дена поради наводна поврзаност со Гулен, кој турските власти го обвинуваат за организирање на државен удар во 2016. година.

„Ако ме испратат назад во Турција, најверојатно нема никогаш да слушнете ниту еден збор од мојат ауста. Причината е тоа што секој кој мисли лошо за претседателот, мора да биде санкциониран“, кажа Кантер.