Невидена глупост: Заминале да ја гледаат репрезентацијата, но во погрешен град одалечен 1.000 км!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Една мала група на швајцарски навивачи сакала да ја гледа својата репрезентација на Светското првенство во Русија, но направиле невидена глупост.

Тие тргнале да ја гледаат својата селекција, но наместо да заминат во Ростов на Дон, тие стигнале во Ростов Велики, па откако не успеале да го најдат своето сместување, се јавиле да прашаат каде точно се наоѓа.

Операторот кој им се јавил, им кажал дека тие се во погрешен град, односно дека се 1.000 км одалечени од вистинската локација.

„Вие сте во Ростов Велики, а не во Ростов на Дон, кадешто треба да игра вашата репрезентација. Тоа е 1.000 километри од тука“, им кажал операторот.