Челси добива ново засилување: Абрамович ја купува ѕвездата на Русија!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Ивнинг Стандард“ пишува дека Челси е блиску до договор со Маурицио Сари, кој треба да го преземе тимот, а веднаш потоа „сините“ ќе се обидат да реализираат една од нивните желби.

Сопственикот на Челси, Роман Абрамович, сака да го купи својот сонародник од ЦСКА Москва и ѕвездата на репрезентацијата на Русија, Александер Головин.

Челси планира да испрати понуда до руската екипа и да му ги расипе плановите на Јувентус, кој претходно предложи 15 милиони евра, но ЦСКА одби да им го продаде Головин.

Рускиот гигант сака 25 милиони евра за својот играч, а според „Стандард“, Челси нема да има проблем со тоа и ќе им ја понуди потребната сума.

Сепак, Абрамович најпрво сака да го реши проблемот на тренерското место, а потоа рускиот милијардер ќе се обиде да состави екипа, која ќе биде конкурентна за титулата.