Катастрофална игра на Колумбија, Јапонија стигна до важни три бода! (ВИДЕО)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Колумбија беше фаворит пред натпреварот против Јапонија, но катастрофалната игра беше казнета и на крајот загубија со 2-1.

На самиот почеток видовме ситуација која го реши натпреварот. Во третата минута судијата Дамир Скомина досуди пенал и му даде црвен картон на Санчез.

Колумбија со играч помалку стигна до израмнување во 39. минута, но во продолжението Јапонија тргна многу офанзивно.

Кон голот на Колумбија се заканија неколку пати Јапонците, а во 73. минута, по корнер со голот на Осака го решија мечот (2-1).