Милан Бадељ го нападна својот соиграч од репрезентацијата Калиниќ


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Репрезентативецот на Хрватска и се поизвесно нов член на Милан, Милан Бадељ смета дека одлуката Никола Калиниќ да биде испратен назад во Сплит е правилна.

Калиниќ одби да влезе во игра на натпреварот против Нигерија и со право беше пратен назад во родниот Сплит, а Хрватска ќе продолжи со 22 играчи на Мундијалот во Русија.

„Мора да го ставите егото на страна. Тоа што се случи нема да влијае на нас. Најважна работа е тимот, мора да го ставите егото на страна кога зборувате за националниот тим“ –коментираше Бадељ.