Рома се договорила со Пасторе?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Медиумите во Италија пренесуваат дека Рома се договорила со ПСЖ за трансфер на Хавиер Пасторе вреден 18.5 милиони евра.

„Калчомеркато“ пренесува дека Пасторе е еден чекор поблиску до „Олимпико“ каде би заработувал околу четири милиони евра по сезона.

28 годишниот фудбалер се очекува утре да има медицински прегледи пред и официјално да стане петтото засилување за „Волчицата“ по Брајан Кристанте, Анте Чорич, Иван Маркано и Џастин Клајверт.

Пасторе претходно играше во Италија во редовите на Палермо од каде направи трансфер во ПСЖ.