Второ изненадување во групата Х: Сенегал поуспешен од Полска


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Репрезентацијата на Сенегал со 2:1 славеше против Полска во вториот денешен натпревар од групата Х во рамките од Светското првенство кое се игра во Русија.

Репрезентацијата на Полска беше благ фаворит на оваа средба, но не успеа да ги забележи трите бода затоа што налета на расположените фудбалери на Сенегал.

Африканците до водство стигнаа во 37. минута со автоголот на Сионек, додека пак за вториот гол се чекаше до истекот на првиот час кога мрежата на Шчесни ја затресе Мбаје Нианг.

Надежта за Полјаците ја врати Криховјак со гол во 86. минута, но тоа беше се од избраниците на Навалка.

Претходно од истата група Јапонија ја изненади селекцијата на Колумбија со истиот резултат (2:1), па по првото коло изненадувачки на првите две позиции се Јапонија и Сенегал.