Русија со победа против Египет го „чекираше“ билетот за следната фаза


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Репрезентацијата на Русија полесно од очекувањата стигна до вредна победа од 3:1 против Египет за кого сите 90 минути ги одигра Мохамед Салах.

Со оваа победа Русите се првите кои обезбедуваат пласман во осминафиналето од Мундијалот кој се игра токму во земјата која и не е баш позната по фудбалот.

Во првото полувреме немаше погодоци, а немаше ниту некои поизгледни прилики за гол.

Затоа вториот дел ни донесе возбудувања од самиот старт. Најпрво во 47. минута Ахмед Фати си постигна автогол за водство на Русија од 1:0. ВО 59. минута Черишев погоди за 2:0, а само три минути подоцна Артем Дзјуба ги уништи шансите за Египет дека може да се вратат во натпреварот.

Египќаните успеаја само да го ублажат поразот и тоа во 72. минута со гол од пенал кој го постигна Мо Салах.

Репрезентацијата на Уругвај со победа на утрешниот натпревар против Саудиска Арабија исто така ќе се пласира во осминафиналето од годинешниот Мундијал.