Официјално: Арсенал ангажираше одлично засилување!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Новиот тренер на Арсенал, Унај Емери почна со реконструкција на екипата, а како најново засилување на „топчиите“ се приклучи голманот на Баер Леверкузен, Бернд Лено за 22 милиони евра.

Германскиот голман е среќен што се пресели во Лондон, каде што ќе ги брани боите на Арсенал, а најверојатно ќе стане и прв чувар на мрежата на тимот, а Петр Чех ќе замине од екипата.

„Среќен сум и горд што ќе играм за голем клуб како Арсенал. Ќе се потрудам и сакам да имам успешна сезона со новата екипа“, напиша Лено на Твитер.

Емери претходно потпиша договор со Стефан Лихтштајнер, кој пристигна како слободен играч од Јувентус.