Мурињо повторно ги провоцира навивачите на Србија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Жозе Мурињо пред почетокот на Светското првенство ги прогнозираше резултатите кои не им се допаднаа на навивачите на Хрватска и Србија.

Португалскиот стручњак порача дека не предвидува оти Хрватска и Србија ќе можат да ја пројдат групата што предизвика доста незадоволства меѓу навивачите на овие селекции. Сепак, Мурињо одлучи пак да се јави после разговорот со Немања Матиќ, но овој пат ги „погоди” навивачите на Орлите.

„Не мислев да кажам дека Србија веднаш ќе испаднат и дека е лоша репрезентација. Сакам тие да испаднат, а тоа се две различни работи. Зошто тоа го сакам? Па, Матиќ игра за таа репрезентација и му посакувам што повеќе одмор. Тоа секако значи дека е најдобро Србија да не ја пројде групната фаза”, рече Мурињо.

Мурињо првобитно рече дека покрај Бразил едноставно никој нема шанси, а дека после нив верува оти Швајцарија ќе биде втора.