Марка потврди: Реал Мадрид доведе голман


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Андреј Лунин потпиша за Реал Мадрид во трансфер вреден 14 милиони евра.

Тој ја помина младинската школа на Металист, а сениорската кариера ја започна во Дњепар, а потоа во 2017. година премина во Зорја.

Овој млад голман ги помина сите младински селекции на репрезентацијата на Украина. Тешко дека оваа работа ќе ги промени амбициите на Реал Мадрид да доведе голман од светска класа кој ќе го замени Кејлор Навас на голот, но ова е дефинитивно решение за во иднина.

Дали ќе добие некогаш шанса, дали од клупата ќе ја чека својата шанска или веднаш ќе отиде на позајмица, останува да видиме.