За трансферот на Пјаниќ се повеќе се шушка, се огласи и неговиот агент


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Репрезентативецот на Босна, Миралем Пјаниќ во последните неколку дена се повеќе се споменува како потенцијално засилување на Барселона.

Пјаниќ позади себе има одлична сезона во дресот на Јувентус, а неговите одлични настапи не поминале незапамтено од страна на Барса, која според наводите на Мундо Депортиво, веќе ги превземала првите чекори со цел да го доведе на Камп Ноу.

За интересот од Барселона е запознат и агентот на Пјаниќ, Мајкл Бекер, чија изјава ја пренесоа италијанските медиуми.

„Имаме договор со Јувентус до 2021. година, така да мораме првин со нив да разговараме“, изјавил помеѓу другото Бекер.

Каталонците и претходно сакаа да го видат Пјаниќ во нивниот дрес.

Наводно Јунветус е спремен да се впушти во преговорите со минимална цена од 80 милиони евра.