Аргентинците среќни и насмеани, но што се случува со Меси?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Селекцијата на Аргентина утре ќе игра натпревар против селекцијата на Хрватска и после киксот против Исланд веќе нема право на грешка.

Во многу лошо издание Гаучосите ремизираа против Исланд (1:1) и со тоа ја разочараа јавноста во Аргентина. Избраниците на Сампаоли мораат да победат против Хрватска кои се многу помирни после победата против Нигерија.

Аргентинските медиуми објавија фотографија од тренингот на нивната репрезентација, а во центарот на вниманието се најде Лионел Меси.

Додека неговите соиграчи се насмеани и добро расположени, единствено Меси изгледа загрижени и замислено бидејќи знае во каква ситуација се наоѓа неговиот тим.

Притисокот кон Лионел Меси е огромен, а од Аргентина веќе му порачаа да не се враќаат во земјата, доколку не ја поминат групната фаза.