Вардар, Работнички и Шкупи ги добија противниците во ЛЕ!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Денеска се одржа ждрепката за натпреварите од првото квалификациско коло во Лигата на Европа (ЛЕ), а нашите претставници Вардар, Работнички и Шкупи ги добија нивните противници.

Работнички има навистина тешка ждрепка, па ќе мора да се соочи со Хонвед од Унгарија, додека Шкупи ќе мора да се пресмета со Ренџерс, новата екипа на Стивен Џерард и ќе има премногу тешка задача, односно Шкупи ќе биде голем аутсајдер во овој натпревар.

Вардар ја почнува својата авантура на гостински терен против Пјуник од Ерменија. Инаку екипата од Ерменија им е позната на македонските екипи, бидејќи има играно против Тетекс во 2013. година и тогаш беа подобри Ерменците со вкупни 2-1.

Пјуник има гостувано и против Победа во далечната 2004. година, а сите се сеќаваме дека поради скандал Прилепчани беа суспендирани осум години.

Инаку, првите натпревари се играат на 12. јули, а реваншите се на 19. јули.