Наполи плати 30 милиони, пристигна Шпанец


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Фабијан Руиз е новото засилување на Наполи.

Тој денес пристигна во Наполи каде треба да го финализира новиот договор, а истакна дека веќе сега може да се нарекува и играч на Наполи.

,,Веќе сега моам себеси да се наречам играч на Наполи. Не знам кога тоа ќе биде официјално”- рече тој кога пристигна во клубот.

Тој ќе биде третото засилување на Наполи откако во овој клуб пристигнаа Симоне Верди од Болоња и Амато Чичирети од Бенавенто.

Фабијан Руиз е купен за 30 милиони евра, Наполи мораше да ја плати и клаузулата за овој 22 годишен фудбалер кој е многу важен за средниот ред.