Реал го чека првиот потег: Нејмар побарал да замине од ПСЖ!?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Бразилскиот репрезентативец го замолил претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи да го пушти да замине од екипата.

Шпанските медиуми пишуваат дека Нејмар не е задоволен во Франција и се надева дека управата ќе го прифати неговото барање за да замине од клубот и така да добие можност да преговара со Реал Мадрид.

Меѓутоа, претходно од францускиот гигант беше соопштено дека имаат за цел да го сопрат заминувањето на Бразилецот бидејќи тие го купија за да им помогне во борбата за трофејот во Лигата на шампиони.

Манчестер јунајтед, исто така, е заинтересиран за услугите на Нејмар, но според шпанските медиуми, ѕвездата на Бразил сака да се врати во Шпанија.

„Дејли експрес“ пишува дека Реал Мадрид е во „страв“ бидејќи Нејмар е близок со Лионел Меси, па може да се одлучи на крајот за враќање во Каталонија.