Лопетеги има страшен план: Реал планира да му се одмазди на Ливерпул!?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Реал Мадрид имаше желба да го ангажира Мохамед Салах, но откако добија негативен одговор од Ливерпул, тие одлучија да им се одмаздат на Англичаните.

Ливерпул има цврст став и одбија да преговараат, а притоа им се лути на „кралевите“ поради грубиот старт на Серхио Рамос во финалето на Лигата на шампиони, кога се повреди Салах.

Поради тоа, Реал одлучи да им се одмазди на поинаков начин, односно сега тргнаа по потписот на Набил Фекир, чиј трансфер во Ливерпул пропадна.

Новиот тренер на „кралскиот клуб“, Хулен Лопетеги планира да плати 60 милиони евра и да го ангажира Французинот, кој кажа дека коленото му е во ред и дека тоа не е причина зошто не се преселил кај „црвените“.

Лион барал повеќе пари од тоа што понудиле Англичаните, а тоа не би требало да биде проблем за Реал Мадрид.