Неверојатен расплет во Италија: Парма блиску до нова казна, Палермо се враќа во Серија А!?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Истрагата е завршена, а проблем е натпреварот со Специја, односно пораките на нивните играчи на четири дена пред одигрување на средбата.

Во пораките пишувало да не се трудат многу противниците во меѓусебниот дуел, а играчите кажаа дека тоа било само шега, но така не мисли Италијанскиот Сојуз.

Останува прашањето дали Парма ќе биде прогласена за виновна, а во секој случај има само два епилога. Едниот е да бидат прогласени за невини, а другиот епилог е да бидат исфрлени од Серија А, и покрај тоа што обезбедија пласман.

Во таа ситуација, 20. член во лигата би бил Палермо, кој загуби во финалето на баражот против Фросиноне, но ќе видиме дали ќе се случи.

Втората ситуација им одговара повеќе на нашите интернационалци Александар Трајковски и Илија Несторовски, кои би можеле да се вратат во најсилната италијанска лига.