Арсенал неделава почнува преговори со ѕвезда на Аргентина


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Новиот тренер на Арсенал, Унај Емери, откако пристигна во клубот ги купи Стефан Лихтштајнер, кој пристигна од Јувентус и Бернд Лено од Баер Леверкузен.

Арсенал сега покажува интерес за аргентинската ѕвезда Евер Банега, со кој треба да почнат преговори неделава.

Банега се приклучи на Валенсија во 2008. година и играше потоа за Атлетико Мадрид и Њуелс олд Бојс, а потоа потпиша за Севилја во 2014. година.

По две години се пресели во Интер Милан, но се врати во Шпанија по само 12 месеци поминати во Италија.

Емери смета дека Банега би можел добро да се прилагоди на „Емирати“, а засега не се откриваат повеќе детали за потенцијалниот трансфер.