Раиола ги нуди браќата Донарума во пакет


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Нема повеќе дилема, Раиола тргна во офанзива, а неговата цел е да најде ангажман Донарума. Се шпекулира дека Милан сака да се ослободи од неговиот договор, но и од брат му кој беше дел од договорот минатото лето.

Со оглед на фактот дека Буфон се предомислува, Ливерпул не е заинтересиран, Реал го сака Алисон па логично е Раиола да се обрати на Рома.

Тие би можеле да ги платат двајцата браќа, додуша, примањата на Џиџи од 6 милиони се преголеми, но ако успеат да земат 90 милиони за бразилецот, голманот на Милан би бил логично решение.

Ќе видеме како ќе заврши целата оваа работа, Рома евентуално би можеле да додадат и некој друг играч во целава работа, но Ареола и Мерет се исто така на мета на Рома, поефтини се од Донарума па ќе биде занимливо да се види одлуката на Рома ако им се укаже шанса да стигне до првиот голман на репрезентацијата на Италија.