„ЕСПН“: Шарлот и Бруклин наскоро прават голем трејд!

0

Првата голема размена во НБА-лигата е подготвена, барем така пренесува новинарот на „ЕСПН“, Адријан Војнаровски.

Шарлот хорнетс во Бруклин нетс ќе го испратат Двајт Хауард, поранешниот ол-стар центар, а во замена за него ќе го добијат Тимофеј Мозгов.

Инаку ова за Хауард е четврти пат да менува клуб во последните три години, по Хјустон рокетс, Атланта хокс и Шарлот.

Хауард има ушт една година од договорот, според кој заработува по 23,5 милиони долари за една сезона, а Мозгов има договор до 2020. година и треба да заработи 16 милиони долари во наредната сезона.

Advertisements
Share.