Челси ќе го прати Запакоста на позајмица во славен тим од Италија


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Играчот на Челси, Давиде Запакоста наскоро би можел да се врати во Серија А откако неговиот агент Алесандро Лучи се сретнал со претставниците на Интер.

Наводно клубот од Милано е сериозно заинтересиран за повремениот италијански репрезентативец кој пристигна на „Стемфорд Бриџ“ во последниот ден од минатогодишниот летен преоден рок.

Поранешниот играч на Торино би пристигнал на „Џузепе Меаца“ ако позајмен фудбалер, а во договорот ќе има и клаузула за право на откуп следната година.