Манчестер Јунајтед утре ќе го потврди Фред како нов фудбалер на клубот

0

Манчестер Јунајтед во текот на утрешниот ден ќе го потврди Бразилецот Фред како ново засилување на тимот.

„Скај Спортс“ пренесува дека од клубот ја чекале работната дозвола за Фред, а по нејзиното пристигнување сега се очекува трансферот и официјално да биде обелоденет.

Минатата недела Манчестер Јунајтед објави дека постигнале договор со Шахтјор за трансферот на Фред, но во објавата посочи дека дополнителните детали ќе бидат соопштени во догледно време.

Advertisements
Share.