Уругвај во мирен натпревар против Саудиска Арабија обезбеди полуфинале на Мундијалот во Русија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Не видовме баш многу во вториот денешен натпревар од Светското првенство на „Ростов Арената“ каде се сретнаа репрезентациите на Уругвај и Саудиска Арабија.

Репрезентацијата на Уругвај одигра уште еден натпревар под просекот, но стигна до победата откако Луис Суарез ја затресе мрежата на Ал  Оваис во 23. минута.

Со оваа победа Уругвајците и се придружија на репрезентацијата на Русија како втор тим кој обезбедил пласман во осминафиналето на Мундијалот.

Во последниот вечерашен натпревар ќе се сретнат репрезентациите на Иран и Шпанија.