Удинезе се распрашува за играч на Милан


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Медиумите во Италија пишуваат дека од редовите на Удинезе се интересираат за фудбалерот на Милан, Матео Мусакио.

Мусакио пристигна на „Сан Сиро“ за 18 милиони евра како големо засилување за одбраната, но не успеа да се наметне како стандардно решение за одбраната на „росонерите“.

Новиот спортски директор на Удинезе, Даниеле Праде бил во Каса Милан во текот на денешниот ден, а кратко за новинарите изјавил дека можеби ќе тргнат по Мусакио.

Тренерот на Удинезе, Веласкез веќе работеше со Мусакио во Виљареал во 2012-13 година и верува дека може да го извлече најдоброто од него.

Можно е Милан да го бара играчот од средниот ред на Удинезе, Јакуб Јанкто како дел од договорот за Мусакио.