Вардар со победа и на вториот контролен натпревар, овој пат падна Домжале (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Екипата на Вардар забележа победа од 2:1 против словенскиот прволигаш Домжале во вториот контролен натпревар од подготовките во Словенија.

Избраниците на Бобан Бабунски одиграа солиден натпревар против тимот кој ќе ја претставува Словенија во Лига Европа оваа сезона.

Домжале прв стигна до водство преку нашиот интернационалец Агим Ибраими кој беше проигран од поранешниот вардарец Сенијад Ибричиќ.

На 1:1 изедначи Бесар Исени во 28 минута по одличниот центаршут на Мицевски. Со овој резултат се замина на пауза.

Во вториот дел Вардар стигна до победа со голот на српскиот интернационалец, Вања Марковиќ во 76. минута од средбата.