Мароканците бесни на судијата кој го барал дресот на Роналдо: Ова е Светско првенство, не циркус


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Во средбата од второто коло од групата Б на Мундијалот во Русија, Португалија со минимален резултат (1:0) ја совлада репрезентацијата на Мароко.

Стрелец на единствнеиот погодок беше Кристијано Роналдо по само четири минути. Португалецот во Русија продолжи да руши рекорди, а на неговиот лик и дело очигледно се восхитува и судијата кој ја делеше правдата на денешниот натпревар, Американецот, Марк Гајгер.

Гајгер наводно на полувремето го побарал дресот на Кристијано Роналдо. Камерите не ја забележаа таа ситуација, но на спортската јавност оваа вест им ја пренесе репрезентативецот на Мароко, Нордин Амрабат.

„Неверојанто. Не знам што правел тој судија претходно, но денес веројатно беше импресиониран од Роналдо. Пепе ми кажа дека слушнал како во првото полувреме го прашал Роналдо дали може да го добие неговиот дрес. За што разговараме ние? Ова е Светско првенство, а не циркус“ –коментираше Амбрабат.