Се подготвува нешто големо: Спортските директори на Јуве и ПСЖ на преговори во Милано!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Италијанските медиуми пишуваат дека спортските директори на ПСЖ и Јувентус, Антеро Енрике и Бепе Марота се сретнале во Милано.

Причината е трансфер предлог, кој Португалецот го имал за „старата дама“. Поради тоа што треба да соберат 60 милиони евра до крајот на месецот за да ги избегнат проблемите со ФФП, тие одлучиле да продадат три играчи.

Станува збор за Џовани Ло Челсо, Анхел Ди Марија, како и францускиот интернационалец Адријен Рабио.

Енрике на „бјанконерите“ им понудил да потпишат договор со еден од овие тројца играчи, но добил негативен одговор.

Во моментов, Јувентус не сака ниту еден од тие играчи, но тоа би можело наскоро да се смени, откако најпрво ќе ги реализираат трансферите на Емре Џан и Жоао Кансело.