Интер тргнува во (не)возможна мисија: „Нераѕурите“ пред потпис со фудбалер на Милан!?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Скај спорт Италија“ пишува дека Интер е во преговори со фудбалерот на Милан, Сусо.

Најпрво било контактирано со неговиот агент, а наводно „росонерите“ се согласуваат со идејата на градскиот ривал да му го продадат Шпанецот.

Сусо во договорот со Милан има откупна клаузула од 38 милиони евра, но таа важи само за екипи надвор од Италија, па тоа во случајот на Интер нема да има никакво значење.

Дополнителна причина што Милан, наводно, сака да го продаде Сусо е тоа што сакаат да го ангажираат Хозе Каљехон од Наполи, кој е подготвен да замине од тимот.

Сусо минатата сезона одигра 50 натпревари за Милан, постигна осум голови и имаше 14 асистенции.