Иско со гест ја воодушеви шпанската јавност, тоа е тимски дух


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


За Шпанците се коментира се, но кога се во неволја, тука се еден за друг.

Многу критики имаше на сметката на голманот на Шпанија, после трите гола против Португалија, односно на киксот при шутот на Роналдо.

Де Геа беше распнат од медиумите, дури некои новинари бараа и смена на голманот, што е надвор од секоја памет, Де Геа е еден од најдобрите во светот.

Тој имаше подршка и од селекторот и соиграчите, ако јавноста се однесување, како што и самиот трагичар рече „како да убил некого“.

Прав одговор стигна и на крајот од натпреварот против Иран, кој Шпанците едвај го добија, но направија голем чекор кон осмина финалерот.

Иско му пријде на Де Геа и му ја бакна ракавицата.

Неговиот гест го воодушеви светот.

„Ние бевме со него, му беше најтешко. Сега е подобар, сите занеме дека е најдобар на светот, а таквите не сакаат да грешат“, изјавил Иско.