Бабунски: Мора да веруваме во своите квалитети за да го победиме Пјуник!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Вчера се одржа ждрепката за првото квалификациско коло во Лигата на Европа, а екипата на Вардар за противник го доби Пјуник од Ерменија.

Тренерот на ФК Вардар кажа што мисли за ждрепката и за нивниот прв противник во европските натпреварувања за наредната сезона.

„Никогаш нема слаби противници, нашиот противник ќе ја има нашата почит. Треба да ја негуваме нашата игра и идејата, која ја имаме на подготовките, а потоа тоа да го покажеме на натпреварите во квалификациите. Нашите фудбалери мора да бидат подготвени и да веруваат во своите квалитети, ако сакаме да го елиминираме Пјуник“, вели Бабунски.