Ливерпул купува еден од најталентираните играчи во Англија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ливерпул осигура две засилувања за новата сезона, односно Наби Кеита и Фабињо, а во скоро време се очекува на „Енфилд“ да пристигне и еден талентиран фудбалер.

Фудбалерот на Астон Вила, Џек Грилиш, е еден од најталентираните играчи во Англија, па поради тоа го споредуваат со Пол Гаскоњ.

Астон Вила е во проблеми по поразот од Фулам, кој значеше крај на нивните премиерлигашки амбиции, па поради тоа сакаат да го продадат 22-годишниот фудбалер и да добијат голема сума на пари.

Грилиш е проценет на 40 милиони евра, но „црвените“ од „Енфилд“ би се согласиле да понудат повеќе од 20 милиони за неговиот потпис.