„Трансфер на Бејл во Арсенал е исто како јас да заминам на Месечината!“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Герет Бејл долго време се поврзува со заминување од Реал Мадрид, а постојатно се зборува дека летово Велшанецот ќе замине бидејќи во минатата сезона не играше колку што сака.

Откако постигна два гола во финалето на Лигата на шампиони, Бејл кажа дека мора да размисли за својата иднина, а неговиот агент откри дека трансфер во Арсенал би бил вистинско чудо.

„Како навивач на Арсенал, би сакал да го видам во тој клуб, но морам да кажам дека шансите за тоа се како јас да одам на месечината“, вели Џонатан Барнет.

Неговиот агент вели дека мора прво да разговараат со управата на Реал Мадрид, па потоа ќе одлучат што ќе направат во иднина.

„Мислам дека мора да разговараме со претставниците на Реал Мадрид, па ќе видиме што ќе се случи. Тој сака да има подобра година од минатата, сака да игра повеќе и сака да ја освои Златната топка, а јас знам дека тој може да го направи тоа“, вели неговиот агент.