Меси доби силна мотивација пред натпреварот против Хрватска


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Аргентина вечерва оди на победа против Хрватска, а се очекува одличен натпревар и секако во центар на внимание ќе биде Лионел меси.

Меси играше слабо на првиот натпревар против Исланд, промаши пенал, а потоа беше забележан како нешто размислува на тренингот на Аргентина.

„Лошо се чувствува и многу малку комуницира со соиграчите и стручниот штаб“, пренесува „Мирор“.

Сепак, ова треба да биде дополнителна мотивација за Меси, а во прилог е и тоа што Хорхе Сампаоли му дозволил да пристигне неговата сопруга.

Натпреварот помеѓу Аргентина и Хрватска вечерва се игра од 20 часот.