Рамос му одговори на Марадона: Меси е светлосни години пред тебе


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Капитенот на Шпанија, Серхио Рамос експресно му одговори на Диего Марадона кој искоментира дека Диего Годин бил подобар дефанзивец од него.

После синоќашниот натпревар помеѓу Шпанија и Иран, Серхио Рамос прокоментира за славниот Диего Марадона за кого рече дека бил феноменален играч, но малку и го ,,задена” и рече дека е светлосни години зад Меси.

,,Го почитувам Диего, беше гигант. Ми се чини дека тој е феномен, но исто така сум сигурен дека аргентинскиот народ знае дека е светлосни години позади Меси”- кажа Рамос кој потоа се осврна на евентуалниот ривал во осмина финалето.

„Ако и Шпанија таму се пласира, тоа ќе биде или Русија или Уругвај. Не размислувам за групата во која се наоѓаат Русија и Уругвај. Наша главна цел е да го освоиме првото место и да играме добро.

Ниеден натпревар не е ист и секогаш има нешто ново”- додаде Рамос. Да потсетиме, Шпанија после две одиграни кола има 4 бода и е лидер во групата Б поради помал број жолти картони од Португалија која има ист број бодови и иста гол разлика.