Меси има некаков проблем: Податоци кои покажуваат дека нешто се случува со Аргентинецот!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Лионел Меси дефинитивно не е во ред, а тоа го покажуваат и официјалните податоци од првото коло на Светското првенство во Русија.

Еден од најдобрите фудбалери во светот играше очајно против Исланд и не ги исполни очекувањата на навивачите и не успеа да им помогне на своите сонародници.

Меси истрчал само 7,61 км, а тоа е досега најмалку во споредба со другите играчи на Мундијалот во Русија во 90 минути. Неверојатен е податокот дека Меси истрчал и без топка помалку од сите останати.

Според статистичките податоци, аргентинскиот капитен води само во однос на дриблинзи и удари кон противничкиот гол.