Бекам кажа кои екипи ќе играат во финалето на Мундијалот!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Поранешниот капитен на Англија, Дејвид Бекам, ја кажа својата прогноза за финалистите на Светското првенство во Русија.

Бекам има голема доверба во репрезентацијата на Англија, па мисли дека тие ќе играат во финалето на Мундијалот, а како нивни ривал го избра тимот на Аргентина.

„Јас мислам дека за трофејот во финалето ќе играат Англија и Аргентина. Како фаворит ја сметам Англија бидејќи сум голем патриот и навивач, но и поради нивниот квалитет“, вели Бекам.

Англија победи со 2-1 во првиот меч против Тунис, но имаа големи проблеми, најмногу поради комарците кои беа присутни на теренот.