Официјално: Јунајтед претстави страшно засилување на интересен начин (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Манчестер јунајтед го комплетираше трансферот на Бразилецот Фред од Шахтјор Доњецк за 47 милиони фунти.

Жозе Мурињо така го ангажираше своето второ засилување летово, откако претходно во клубот од „Олд Трафорд“ пристигна Диого Далот.

„Фред ги има потребни квалитети во средината на теренот, кои ни беа на нас потребни и ќе ја подобри нашата игра“, кажа Мурињо.

Фред одигра 155 натпревари за Шахтјор и постигна 15 голови, а притоа освои три титули во лигата, три трофеи во Купот на Украина и четири во украинскиот Суперкуп.