Австралија не дозволи Данска да обезбеди осминафинале! (ВИДЕО)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Репрезентативците на Данска  можеа денеска да обезбедат пласман во осминафиналето на Светското првенство во Русија, но не успеаа во тоа поради ремито со Австралија (1-1).

Двете селекции играа добро, а магичната акција на Данска во седмата минута Кристијан Ериксен ја претвори во водство за Данска, додека пред крајот на полувремето Миле Јединак од пенал го израмни резултатот.

Во вториот дел беа видени многу возбудувања, но ниту една од селекциите не успеа да го загрози противничкиот гол.

Во моментов лидер во групата Ц е Данска со четири бода, а од 17 часот играат селекциите на Франција и Перу во вториот меч од групата Ц.