Тадиќ прави трансфер надвор од Англија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Медиумите во Англија пренесуваат дека деновите на Душан Тадиќ во Саутемптон се одброени и дека Србинот наскоро ќе ги напушти „Светците“.

Според „Скај Спортс“ Тадиќ ќе се врати во Холандија и ќе потпише договор со тимот на Ајакс. Двата тима се во напредни преговори, а сумата за Србинот ќе биде околу 15 милиони фунти.

Наводно и Тадиќ бил подготвен да ја промени средината сметајќи дека сега е вистинско време да се врати во холандскиот фудбал по четири години поминати во Англија.