Роналдо откри тајна: Неговата брада останува до крајот на светското


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Кога португалскиот репрезентативец ќе го промени неговиот имиџ тоа го забележува целиот свет, а така е и овој пат кога тој одлучи на Светското првенство во Русија да се појави со оставена брада.

Медиумите кои го следат Светското првенство ги интересира зошто Роналдо оставил брадичка и како се случило тоа, па португалецот реши да објасни.

„Бевме во сауна (пред натпреварот со Шпанија) и почнав да се бричам. Потоа го оставив бричот и си реков – ако постигнам гол против Шпанија ќе ја оставам брадичката до крајот на првенството. И потоа тоа ми донесе среќа, постигнав гол на тој натпревар, постигнав и на овој против Мароко и брадичката останува“- рече Роналдо.

Како потсетување, најдобриот играч во светот ги постигна сите четири гола за Португалија на ова Светско првенство и стана европеецот со најмногу постигнати голови за својата репрезентација.