Вардар ремизираше со Марибор во третиот контролен натпревар во Словенија


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Вардар продолжува со позитивните резултати на подготвителните натпревари во Словенија.

Овој пат избраниците на Бобан Бабунски останаа  непоразени против словенскиот гигант Марибор и покрај тоа што имаа негатива од 3:0 по само17. минути игра.

Млакар го отвори резултатот во 9. минута од средбата по една грешка на Кристијан Тошевски. На 2:0 зголеми истиот играч во 14. минута, а само три минути подоцна Крамариќ го постигна и третиот гол во мрежата на Вардар.

Првиот гол за Вардарци го постигна Тигран Барсегјан во 38. минута со прекрасен погодок. Истиот играч го постигна и вториот гол за Вардар откако успешно реализираше удар од белата точка.

Конечниот резултат го постави младиот Адем во 63.минута со прекрасен погодок.

ВАРДАР: Гачевски (46’ Алексовски), Тодороски (46’ Брдаровски), Тошевски, Попов (46’ Серафимов), Реџепи, Битанг (46’ Најдовски), Мицевски (46’ Адем), Јуфо (46’ Марковиќ), Цветановски (46’ Попзлатанов), Барсегјан (70’ Бериша), Колевски (46’ Талески).

МАРИБОР: Хандановиќ, Шулер, Врховец, Хотиќ, Заховиќ, Дервишевиќ, Милец, Рајчевиќ, Вилер, Млакар, Крамариќ.